Курти: Заедницата на српските општини ќе биде фатален удар за Уставот на Косово

t

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Заедницата на српските општини ќе биде фатален удар за Уставот на Косово, пренесува Коха.
Курти оцени дека не случајно Уставниот суд утврдил дека некои членови од Статутот на ЗСО се во спротивност со Уставот.

„Здружувањето на општините со српско мнозинство би било фатален удар за нашиот Устав. Затоа, не случајно нашиот Уставен суд утврди дека 23 члена од неговиот предложен Статут се во спротивност со нашиот Устав. “, рече Курти за време на неговото учество на конференцијата за мир организирана од Здружението „Сите за Републиката“, Универзитетот Пантеон Сорбона, Центарот за глобални студии Хајланд при УБТ и Бизнис мрежата на албанската дијаспора.

Говорејќи за српскиот претседател Александар Вучиќ, Курти рече дека „неговата влада врши административно етничко чистење на општините со албанско мнозинство во Србија, бришејќи ги адресите на живеење на локалните Албанци од општинските регистри“.

„Александар Вучиќ, студент на Војслав Шешел и министер за информации (или пропаганда) на Слободан Милошевиќ во 1990-тите, се обидува да инсталира етнократски правно-политички субјект во Косово, за да ја направи нашата република нефункционална. Тој не верува во идеја за либерално-демократско државјанство. Тоа е причината зошто во исто време сака да инсталира и контролира таков ентитет на Косово“, рече Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Курти им го честиташе Велигден на православните…

Косовскиот премиер Албин Курти им го честита…

Курти: Повеќе од милион граѓани попишани на…

Остануваат уште две недели до крајот на…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

ЕУ му врати на Курти: Не одлучувате…

Европската унија ќе ги укине мерките против…

Петковиќ удри по Бакојани: СРАМ ДА ВИ…

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија,…