Објавено на:

Курти за изјавите на Вучиќ: Тој е претседател на страв и закани

t

Косовскиот премиер Албин Курти денеска потенцираше дека изјавите во Белград за убиства и насилство зборуваат „за нив и за нивната имагинација, а не за Косово“, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека приштинските власти подготвуваат ликвидација на Срби на северот на Косово, објави „Нова“.

„Прво, врз основа на победата во февруари минатата година, јас сум премиер на надеж и напредок, додека во Србија имате претседател на страв и закани. Кога во Србија зборуваат за насилство, зборуваат за себе, а не зборуваат за нашата република, рече Курти.

Курти додаде дека Косово е за долгорочен мир и стабилност.

„Ние сме за мир, безбедност, долгорочна стабилност и не само што мораме да ги заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет, туку и демократијата, уставноста, владеењето на правото и напредокот на нашата земја“, објасни косовскиот премиер.

Како потсетување, претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера предупреди дека приштинските власти „под превезот на борба против криминалот” подготвуваат ликвидација на Срби на северот на Косово.

Вучиќ ги отфрли тврдењата на Приштина дека неодамна биле пукано кон припадниците на косовската полиција на територијата на централна Србија и додаде дека Србија „нема да дозволи никому, па ни НАТО” да пука врз припадниците на српската армија и полиција на административна линија.

„Оние кои зборуваат за неутрализирање на наводните криминални структури на северот на Косово, ги предупредувам да не се ни обидуваат да направат нешто такво”, изјави Вучиќ.

Коментирајќи ја претстојната средба со Албин Курти на 18 август во Брисел, Вучиќ рече дека на средбата оди „со добра волја”, но дека е „многу скептичен” дека е можно за да се постигнат „какви било резултати”.

„Тие не сакаат никаков компромис. Се што досега рекоа е дека ќе ја наметнат својата волја. За нив е важно Квинтата да ги поддржи и не ги интересира што ќе кажат Србите, а уште помалку што ќе каже Белград, изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Христијан Мицкоски се смета себеси за…

Зборувајќи пред граѓаните на Ѓорче Петров, претседателскиот…

(Документи) Се местеле ли тендери за фирма…

Фирма блиска до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар…

Јакимовски: Никој нема да мисли на нас…

Македонија мора да подготви сериозни проекти и…

Совет за безбедност на Косово: Србија поседува…

На барање на косовскиот премиер Албин Курти,…

Вучиќ ќе се сретне со Си Џинпинг…

 Кинескиот претседател Си Џинпинг доаѓа во Белград…