Курти за „Фајненшл тајмс“: Без казна и санкции за Србија дефинитивно нема да има дијалог

t

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека доколку Србија не биде казнета или не се воведат санкции за терористичкиот напад во Бањска на 24 септември, „дефинитивно нема да има дијалог“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“, кое го пренесуваат косовските медиуми, Курти рече дека Србија мора да се соочи со последиците за нејзината вмешаност во вооружениот напад на 24 септември на северот на Косово за да може да продолжи процесот на нормализација на односите меѓу двете држави.

– Ако нема казни и санкции против Србија по она што го направи, дефинитивно нема да има дијалог. Ќе завршиме во неуспешно управување со кризи и целосно ќе заборавиме на нормализацијата, изјави Курти.

Како што пишува „Фајненшл тајмс“, лидерите на Косово и Србија се очекува да се сретнат во четврток во Брисел, првпат откако српските паравојски ја нападнаа косовската полиција во Бањска кај Звечане на 24 септември.

Британскиот весник напоменуваа дека, според Курти, Западот треба да се откаже од надежите за враќање на разговорите на вистинскиот пат, доколку „не ја притисне“ Србија.

Во интервјуто Курти ги обвини напаѓачите од Бањска дека се обидуваат да започнат нова војна за анексија на северот на Косово. Тој повтори дека по нападот на 24 септември „сé се смени“.

Курти побара од емисарот на Европската унија за дијалог, Мирослав Лајчак, да не ја смета Србија за „мечка на која мора да ѝ се фрлаат јагниња за да се задоволи“.

– Ова мора да заврши заради нормализација, мир и безбедност, порача косовскиот премиер.

Курти ја поздравува одлуката на НАТО за зголемување на трупите на Косово. Сепак, тој вели дека мисијата на КФОР треба да остане само за безбедност и заштита.

– Тие се неопходни за безбедност и заштита. И така треба да остане. Не треба да го правиме КФОР првиот кој ќе реагира, изјави Курти за „Фајненшл тајмс“.

Косовскиот премиер е меѓу 40-те државни лидери кои ќе се сретнат во Брисел за големата инфраструктурна програма на ЕУ „Глобална порта“ (“Global Gateway”).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…