Курти има тајна агенда за Косово
Шефот на пратеничката група на опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Абељард Тахири вели дека премиерот Албин Курти има план за северот на Косово, но тој не го споделува со косовските граѓани.
Тахири на прес-конференција во Собранието на Косово изјави дека дел од таа агенда е и денешната одлука на Регулаторното тело за енергетика (ЗРРЕ), со која од новото зголемување на цената на струјата се иззема северниот дел на земјата, односно општините со мнозинско српско население.
– Ова е штетно. Тука има агенда која се држи во тајност од граѓаните и од пратениците во Собранието на Косово, изјави Тахири.
Тој најави дека ПДК ќе ја даде на Уставен суд денешната одлука на ЗРРЕ за поскапување на електричната енергија.
Пратениците на двете најголеми опозициски партии, ПДК и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) ја напуштија денешната пленарна седница на Собранието, откако беше одбиено нивното барање на неа да се расправа за поскапувањето на струјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…