Курти: Косово и Македонија немаат недоразбирања

t

Република Косово и Република Македонија немаат недоразбирања, истакна на почетокот на меѓувладината седница Косово – Македонија косовскиот премиер Албин Курти.

-Република Косово и Република Македонија немаат недоразбирања. Имаме отворена комуникација и широка соработка. Ние сме соседи но и партнери поврзани не само преку трговијата, но и преко фамилјарните врски, како и преку бизнисите кои секојдневно се зголемуваат. Денешната средба е симболична, односно 15 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу нашите две земји. За време на овие 15 години имаме потпишано повеќе од 50 договори и меморандуми кои што не доближиле уште повеќе, но она што треба да го напоменеме е целосната нивна имплементација. Денеска овој прогрес ќе го унапредиме уште, потпишувајќи два нови меморандуми и еден протокол во важната свера, како што се енергетиката, образованието и олеснето движење. Нашите добри односи се пресликуваат и постојаното зголемување на трговската размена, изјави косовскиот премиер Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…