Курти: Косово оди на избори
Премиерот на Косово, Албин Курти, изјави дека по неуспешното гласање за неговата нова влада, единствен излез од политичката состојба се предвремени парламентарни избори.
Вчера во Собранието не беше изгласана владата што ја предложи Курти — предлогот доби 56 гласа, наместо потребните 61.
„Пред кој било договор што ја искривува волјата на граѓаните, ние избираме избори. Тоа е причината зошто земјата нема друг пат освен нови избори. Тоа не беше наша желба“, рече Курти на прес-конференција.
Тој посочи дека Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) одбиле да бидат дел од владата што тој би ја предводел.
„Да ја прифатеа понудата за соработка, ќе имавме доволен број пратеници и ќе можевме да го решиме и изборот на претседател за четири месеци“, истакна Курти.
Косовскиот парламент најдоцна до март 2026 година треба да избере нов претседател или претседателка. Курти додаде дека се обидел да го одвои ДСК од Демократската партија на Косово (ДПК), но без успех.
„Во 2020 година тоа успеа, но само 51 ден. Сега, раководството на ДСК сакаше во владата да влезе и ДПК, што за нас е неприфатливо и штетно“, нагласи премиерот.
Во однос на тврдењата дека Косово може да остане без буџет за 2026 година, Курти порача дека врз основа на Законот за Влада, тој има овластување да предложи нов буџет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…