Курти: Министерот не може сам да се справи со состојбата во косовското здравство
Косовскиот премиер Албин Курти изјави денеска дека состојбата во косовското здравство е толку тешка што со неа не може да се справи само ресорното Министерство, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти изјавата ја даде на прес-конференција по денешната седница на Владата, на која беше одлучено да се формира извршна комисија за здравството, која што ќе ја раководи тој самиот.
– Јас нема да бидам министер за здравство, министер е Рифат Љатифи, меѓутоа состојбата во здравството е толку тешка што со неа не може да се справи само Министерството, изјави Курти, додавајќи дека тој раководи и со други слични комитети.
Курти информира дека се идентификувани главните проблеми во здравството, при што ја издвои „лошата комуникација“ на Министерството за здравство со Болничката клиничка и универзитетска служба на Косово и со петте комори на здравствените работници. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…
Израел продолжува да изведува целни убиства на…
Во делови од земјата појава на град,…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…