Објавено на:

Курти: Мостот на Ибар ќе биде отворен, тоа прашање е затворено

t

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека отворањето на мостот на Ибар е прашање што е заклучено во 2016 и 2017 година во Брисел и дека веќе не се разговара на таа тема бидејќи, како што вели, сега е под јурисдикцијата на косовските институции, пренесува Репортерс.
Курти рече дека за да се отвори мостот потребно е само да се добие потврда за издржливост од ресорното министерство.

„Прашањето за мостот на Ибар е прашање на Косово, тоа е прашање што е заклучено што се однесува до Брисел во 2016 и 2017 година и мостот мора да се отвори. Ние сакаме слободно движење на граѓаните и владеење на Закон, мир и безбедност Од наша гледна точка, тоа што треба да го чекаме е извештајот за стабилноста на мостот.

Според него, мостот на Ибар требало да биде отворен во јануари 2017 година.

„Тоа не е прашање на дискусија, тоа е прашање на отвореност, а во 2016 година беа завршени сите дискусии и беше кажано дека мостот треба да се отвори на 20 јануари 2017 година. Сега не сме ниту во јануари ниту во 2017 година, туку во август 2024 година“, додаде Курти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Дали поранешен советник на Заев е вмешан…

Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…

Курти: Секој километар пат што нè зближува…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…