Објавено на:

Курти нападнат од Албанците: „Нè предаде!“

t

Опозицијата во Косово е незадоволна од постигнатото во Охрид. Средбата меѓу Курти и Вучиќ, предизвика реакции во Приштина.

Во Охрид беше постигнат договор за имплементација на договорениот прв дел од Договорот за патот кон нормализирање на односите, меѓу Косово и Србија. Шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел рече дека партиите се обврзале да ги почитуваат сите членки и да ги спроведат своите обврски експедитивно и со добра волја.

Приштина, меѓу другото, се обврза веднаш да започне со имплементација на членот 7 кој се однесува на самоуправување на Србите, а спроведувањето на договорот е поединечно вклучено како обврска во преговарачките поглавја за пристапување во ЕУ и за Србија и за Косово.

Албанците рипнаа на Курти поради овој договор. Иако нема барање за референдум и избори, се најавуваат протести и се бара негова. На опозицијата најмногу ѝ пречи немањето меѓусебно признавање во Охрид, а дополнително, Косово презеде обврска веднаш, како што толкуваат, да формира ЗСО.

Со ист тон и пратеничката на движењето „Самоопределување“, Фитора Пацоли доцна синоќа изјави дека самоуправувањето не е ниту „Заедница, ниту Здружение плус ниту самоуправа ниту автономија“.

Претседателот на Социјалдемократската партија Дардан Мољиќај (Молиќај) најави дека неговата партија на 25 март ќе организира протест на кој ќе побара оставка од премиерот на Косово Аљбин Курти поради постигнатиот договор во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен полицаец година и пол работел на…

Сериозни пропусти во работата на полицијата се…

Братот на зетот на Трамп за 12…

Лос Анџелес лејкерс наскоро ќе добијат нов…

Тајните служби во Германија добија поголеми овластувања…

Како одговор на растечката закана од сили…

Каролин Левит ќе ја напушти функцијата портпаролка…

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, која…

Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана…

Украинскaта војска во текот на оваа година…