Курти на кафе со Ахмети пред дијалогот со Вучиќ

t

Пред денешната нова рунда преговори Белград-Приштина, косовскиот премиер Албин Курти се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Фотографии на фејсбук објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој истотака присуствувал на средбата.

ТВ Телма јавува дека Ахмети речиси цело време му објаснувал нешто на косовскиот премиер кој слушал и повремено се вклучувал во разговорот.

Охрид е местото каде денеска ќе се одржи нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина. Поради средбата меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, градот е под посебни безбедносни мерки.

На состанокот на кој ќе посредува високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, а чиј домаќин е македонскиот премиер Димитар Ковачевски, се очекува да се разговара за анексот на предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој се однесува на имплементација на договорот што начелно беше одобрен од двете страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Агром Мемеди, поранешен македонски репрезентативец

Во Тетово денес почина поранешниот македонски репрезентативец…

(Видео) Иран го нападна Бахреин

Властите во Бахреин утрово издадоа две предупредувања…

„Њујорк пост“: Москва наводно ја укинала неформалната…

Рускиот Совет за безбедност наводно ја укинал…

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…