Курти: Не е чудно што американскиот амбасадор знае повеќе за безбедноста на Косово од мене

t

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во парламентот се обиде да ја оправда својата изјава во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ дека американскиот амбасадор Џефри Ховениер има повеќе информации за безбедносната ситуација на северот и за одлуката за прекин на пререгистрацијата на возила со српски регистарски таблички, пренесува Газета експрес.


Курти рече дека нема причина некој да се чуди зошто американскиот амбасадор во Приштина Џефри Ховенје има повеќе информации од премиерот на Косово за конкретната безбедносна ситуација, како што беше пред неколку дена на северот на Косово.

Својата изјава, која не беше објавена во финалната верзија на интервјуто за германскиот весник, Курти се обиде да ја оправда со тоа што САД имаат амбасади во Белград и Приштина, а имаат војска и во Косово.

Косовскиот премиер дури вели дека е добро што американскиот амбасадор споделил ваква информација со него како премиер, бидејќи вакво нешто го докажува сојузот и партнерството меѓу Косово и САД.

„Не верувам дека има причина некој да се изненади зошто американскиот амбасадор има повеќе информации во одредена безбедносна ситуација. САД имаат амбасада во Србија и Косово, а имаат и војска во Косово. „Знам зошто луѓето се преправаат дека се изненадени што има повеќе информации од мене. И тоа е многу добро, доказ за нашиот сојуз и партнерство е што тој ја сподели таа информација со мене. Нема ништо негативно и ништо изненадувачки“, рече Курти.

На дебатата што се водеше на Косово за изјавата на Курти реагираше дури и германскиот новинар Михаел Мартенс, кој изјави дека не разбира зошто луѓето се изненадени, бидејќи САД имаат огромни разузнавачки капацитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Косово е уапсен еден од најголемите…

Уапсен е Гезим Чела, еден од најголемите…

Хил: На маса не е признавање на…

Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил во…

Орбан: Ќе стоиме со Србија ако ЕУ…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Што се случува?! Три жени исчезнаа на…

Три жени биле пријавени за исчезнати во…

Се препукуваат рускиот и американскиот амбасадор во…

Амбасадорот на Руската Федерација во Србија Александар…