Курти: Прво де факто признавање на Косово, па Заедница на српски општини

t

Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека треба да има прво де факто признавање, па ќе зборува за Заедницата на српски општини, бидејќи не може, како што вели, да дава кафе без шолја.

„Им кажав гласно, кратко и јасно – не можам да ви дадам кафе без шолја. Де факто прво признавање. Оти, кој е правен извор на таа ЗСО – дали е тоа Уставот на Косово или Уставот на Коштуница. Ако е Уставот на Косово, јас сум тука како премиер на Косово, ако е Уставот на Коштуница – зошто вие самите не го креирате, зошто јас? Ако правниот и правен извор е Уставот на Србија, тогаш зошто дојдовте овде во Брисел да преговарате со мене? Преговорите со мене имаат смисла бидејќи правен, правен извор на таа Заедница е Уставот на Косово, но тоа не беше прифатено“, рече Курти, одговарајќи на прашања на новинарите денеска во Приштина, на заедничката конференција со шефот на преговарачкиот тим, Бесник Бисљими.

Тој додава дека разговарале за заедницата, преговарале за нацрт-статутот, но оти, како што вели, српската страна – не само претседателот туку и Владата – „не сака да разговара за духот, карактерот на таа Заедница на Општините“.

„Ако извршните органи го сакаат тоа ЗСО, од кого ќе го земат? Од мојата влада? Не сум лесен човек да ми ги одземат надлежностите… Од општините на Ахтисари? Ова веднаш се коси со Уставот на Косово. Во Републиката нема вакуум. Ако сакате извршни овластувања, тогаш треба да ги земете од некаде. Извршните овластувања ги има мојата влада, општините, оние со српско мнозинство се привилегирани и Кфор. Од каде ги добиваат овие надлежности? Мора да дојдат од некаде. Тоа е главниот проблем што се однесува до ЗСО“, изјави тој.

Тој се осврна и на Договорот од Брисел во 2013 година, нарекувајќи го „најдраг договор за Србија“. „Самиот претседател Вучиќ го прекрши на 10 декември минатата година, кога испрати пет писма до пет земји од ЕУ кои не го признаа Косово и им порача да не ја прифаќаат официјалната апликација на нашата земја за членство во Европската заедница. А тоа е член 14 од тој договор од 2013 година, кој не е само за Заедницата на општините, туку и за интеграцијата на Србите на Косово. Но, таа интеграција веќе ја нема на северот, бидејќи на 5 ноември добија наредба од Белград да поднесат колективна оставка и да ги бојкотираат изборите. Република Косово не може да плати за политичката грешка и злонамерност на официјален Белград“, рече тој.

Потенцирајќи дека никогаш не го поистоветува народот со државата, ниту населението со политичка партија, рече дека кога ќе каже нешто за Српската листа „како огранок на СНС – реков за СЛ, а не за српскиот народ“, оценувајќи дека Српската листа ги застапувала нејзините интереси, а не волјата на српските граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мисијата на Србија во ОН апелира до…

Вршителот на должноста во Постојаната мисија на…

Вучиќ: Србија е нападната на многу расипан…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска по…

(Анкета) Србија е најголем сојузник на Македонија,…

За најголем сојузник на Македонија нашите граѓани…

Бугарија е најголема закана за Македонија –…

Балканските земји се сметаат за непријатели, покажува…

(Видео) Ескобар: Формирање на ЗСО е клучно…

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа…