Курти пресече: Размена на територии нема да има! Тоа е формула за војна
Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека планот на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и на српскиот претседател Александар Вучиќ за размена на територии пропаднал, но дека идејата не замре, пренесува Репортерс.
Курти посочи дека размена на територии нема да се случи бидејќи, како што наведе, тоа е формула за војна.
„Сигурен сум дека претседателот на Србија е носталгичен за тие времиња, бидејќи политичкиот проект за размена на територии пропадна. Но, повторно, идејата не е мртва. Носталгијата не е чувство со кое можеме да напредуваме. Размена на територија нема да се случи бидејќи тоа е формула за војна“, изјави Курти.
Тој посочи дека етничките граници не се решение, туку, како што наведе, „државите кои имаат нормални односи и демократија“.
„Никогаш не можете да имате совршени етнички граници. Секогаш ќе има луѓе кои мислат дека се на погрешна страна. Она што ни треба е земја која има нормални односи и демократија. Демократиите не се борат една со друга. Тензиите што ги имаме со Србија постојат затоа што ние сме демократска земја, а Србија е автократски режим со блиски врски со Кремљ“, тврди Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…