Објавено на:

Курти: Руската агресија врз Украина ги зголеми несогласувањата меѓу Косово и Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во Берлин разговараше за продолжување на бриселскиот дијалог со премиерот на Косово, Албин Курти и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ, Курти и Лајчак разговараа за време на неформалната работна вечера, организирана од германскиот канцелар Олаф Шолц, објави на Твитер специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина.

Претходно, германскиот канцелар Шолц имаше одвоени средби со Курти и со Вучиќ.

Во пресрет на вечерата, Вучиќ, Курти и Лајчак разговараа со специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин и еден од советниците на Шолц.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ им се заблагодари на германските домаќини за, како што наведе, организирањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Се огласи и премиерката Ана Брнабиќ која оцени дека денешната средба на Вучиќ со Шолц во Берлин е исклучително важна за Србија.

Честитки до претседателот Александар Вучиќ што најде начин и овојпат да ја одбрани и заштити позицијата на Србија, голема благодарност до германскиот канцелар Олаф Шолц, инвеститорите и сите германски партнери за нивното разбирање и почит, напиша премиерката Брнабиќ на Твитер.

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа во Берлин изјави дека неодамнешната руска агресија врз Украина ги зголемила несогласувањата меѓу Србија и Косово, но дека Приштина останува посветена на дијалогот со Белград со цел да се постигне договор заснован на взаемно признавање.

„Неодамнешната руска агресија врз Украина ги зголеми нашите несогласувања. Но, ние остануваме посветени на принципиелен дијалог со Србија за да се постигне договор заснован на заемно признавање. Вечерашната рунда (преговори) се одржа во палатата Борсиг во Берлин за време на работната вечера“, напиша Курти на Твитер.

Заедно со таа порака, Курти објави и фотографија на која се гледа како седи на маса со српскиот претседател Александар Вучиќ и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Белград-Приштина Мирослав Лајчак.

Претходно Лајчак најави дека тројцата разговарале за продолжување на бриселскиот дијалог за време на неформалната работна вечера, организирана од германскиот канцелар Олаф Шолц, а дека разговорите ќе продолжат на 13 мај на ниво на главните преговарачи Белград-Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими.

„Ја поздравувам можноста да разговарам за време на неформалната вечера за дијалог со премиерот Курти и претседателот Вучиќ во Берлин. Благодарен сум на германската влада. Ќе ја продолжиме дискусијата на ниво на главните преговарачи на 13 мај“, напиша Лајчак на Твитер.

Германскиот канцелар Шолц претходно одвоено се сретна со Курти, Вучиќ и Лајчак, во обид да го оживее дијалогот меѓу Белград и Приштина. Во пресрет на работната вечера, Вучиќ, Курти и Лајчак разговараа со специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокат по грешка развел погрешна двојка

Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана…

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Во центарот на Славонски Брод во попладневните…

ЗАВРШИ ГЛАСАЊЕТО ВО ЗАТВОРИТЕ, НА БОЛНИТЕ И…

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни…

(Фото) Апасиев се огласи со оптимистички пораки…

Апасиев се огласи на социјалните мрежи со…

11 лица незаконски работеле на Токсикологија

5 медицински сестри, 3 болничари, 1 лаборант…