Курти смирува: Не ја јакнеме војската за да нападнеме некого
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Косово не ја јакне својата војска со цел да нападне некого, туку за да се брани себеси.
На денешната церемонија по повод дипломирањето на новата класа кадети на Центарот за универзитетски студии на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Курти напомена дека во изминатите две години во ФСК се регрутирани 1.240 војници, а во процес на регрутирање се уште 612 редовни и 388 резервни војници.
„Со 2.240 војници повеќе во две години, редовите на ФСК се зголемија за 83 отсто. Ние не ја јакнеме нашата војска за ги нападнеме другите, туку за да се браниме самите себе. За едно Косово кое ќе биде побезбедно, поправедно и порамноправно за сите, изјави Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…
Девет лица се уапсени под сомнение за…
Девет лица се уапсени на северот во…
Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга
Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…
Најава за нови апсења на Косово, дали…
Политичкиот аналитичар и новинар од Приштина, Фатон…