Курти со Бакојани: Косово е посветено на патот кон членство во Советот на Европа

t

Косовскиот премиер Албин Курти денеска разговараше со известувачот за Косово во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Дора Бакојани, која престојува во Косово за да собере факти во врска со барањето на Косово да биде примено во Советот на Европа. Бакојани, како што се наведува во соопштението на Владата на Косово, го изразила своето задоволство од промената и развојот што го постигна Косово од нејзината последна посета пред 14 години.
Таа посочи и дека извештајот што ќе го подготви по оваа посета на Косово ќе послужи како основа за одлучување во ПССЕ.

И Владата на Косово соопшти дека на средбата „утврдено е дека членството во Советот на Европа е историски процес за Косово“.

„Утврдено е дека за Косово членството во Советот на Европа е историски процес кој придонесува за заштита и подобрување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и дека Косово е максимално посветено да обезбеди дека секоја фаза од членството оди на најдобар можен начин“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…

Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…

Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…