Курти: Спремен сум во секое време да се видам со Вучиќ
Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е подготвен за средба со претседателот на Србија и продолжување на преговорите со посредство на Европската унија, во секое време.
Курти изјавата пред новинарите ја даде во селото Миреш, општина Гњилане, каде што заедно со министерката за образование, Арберие Нагавци присуствуваше на поставувањето камен темелник на нова детска градинка, а подоцна посети и фармер кој има засадено 10 хектари со жито.
– Кога и да нé повикаат подготвени сме да ја одржиме наредната средба Но, во меѓувреме треба да дојдеме на полињата кои се обработуваат, во градинките кои се градат. Животот продолжува, изјави Курти.
Тој информира и дека на денешната средба во Приштина со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак станало збор за општата рамка на договорот и за спроведувањето на договорот за енергетика во северно Косово.
– Секогаш имаме две теми, првата е општата рамка на договорот и втората е за актуелните прашања. Кај актуелните прашања главно за нас е спроведувањето на договорот за енергетика, за да може северно од (реката) Ибар да започне инкасирањето на сметките за електрична енергија, бидејќи нема никаква логика да ја користиш електричната енергија од изворите на Косово, а да не плаќаш ништо, изјави Курти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…