Курти: Ја зајакнавме координацијата со НАТО и САД
Премиерот на косовските привремени институции Аљбин Курти изјави дека поради ситуацијата на северот на Косово, во последните денови ја зајакнал координацијата со земјите од Квинте, НАТО, САД и ЕУЛЕКС и оти Косово го избрало патот на мир, пренесува Коха.
Курти по средбата со лидерите на опозицијата посочи дека косовските безбедносни органи даваат оценки за сите дејствија кои според него се одвиваат според законот.
„Не е точно дека не знаеме по кој пат одиме. Нашиот пат е патот на мирот. Планот за акција се нашите безбедносни органи. Тие донесуваат судови за нашите постапки и реакции. Сè се одвива според закон, процедури и правила, со почитување на суверенитетот, уставноста и територијалниот интегритет“, изјави тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…