Курти ја поздрави Резолуцијата на Европскиот парламент за нападот во северно Косово на 24 септември
Косовскиот премиер Албин Курти ја поздрави вчерашната резолуција на Европскиот парламент за развојот на настаните во дијалогот меѓу Косово и Србија и за ситуацијата на северот на Косово,
Во синоќешната објава на неговата страница на платформата „Х“, Курти го нагласи повикот на Европскиот парламент за јакнење на безбедноста во Косово и барањето упатено до Србија да престане да ги поддржува терористичките групи.
– Помеѓу другите мерки, таа (резолуцијата) повикува на зголемена безбедност на Косово и бара од Србија да избегне било каква понатамошна ескалација, да престане со секаква поддршка за терористичките формации и да ги повлече сите свои оперативни воени бази долж границата, напиша Курти.
Европскиот парламент, потсетува Курти во неговата објава на „Х“, исто така, „ги повика петте земји на ЕУ кои не го признаваат Косово да го направат тоа, ја охрабрува Европската Комисија да го прекине финансирањето на Србија доколку не соработува и ги повикува српските власти да се воздржат од ширење на говор на омраза против Косоварите и… на лажни информации за наводно ‘етничко чистење’“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…
Потпишан е договорот за продажба на рускиот…
Наскоро почнува поставувањето на цевките за гасната…
Во Србија пристигнаа првите цевки за изградба…
Србија дала над 110.000 евра на здруженија…
Од 2023 година, Управата за дијаспора на…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…