Објавено на:

Курц во топ пет на листата меѓу најкорумпирани политичари во 2021 година

t

Организацијата „Проектот за организиран криминал и корупција“ (OC CRP) го рангираше поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц меѓу петте најкорумпирани политичари во 2021 година.

Прв на листата е белорускиот претседател Александар Лукашенко, потоа поранешниот авганистански претседател Ашраф Гани, сирискиот претседател Башар ал Асад, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и потоа Курц.

Курц беше рангиран меѓу првите пет најкорумпирани политичари во светот од 1.167 „номинирани“.

Комисија составена од шест новинари и научници кои се занимаваат со корупција и известуваат за неа, и покрај рекордниот број „номинирани“ лидери, за прв пат по една деценија едногласно го избра Лукашенко.

Кога станува збор за Курц, ОЦ ЦРП направи грешка, бидејќи на веб-страницата го претстави поранешниот канцелар како лидер на десничарската Партија на слободата на Австрија, чии водечки членови „паднаа“ поради аферата „Ибица“.

Курц поднесе оставка од функцијата канцелар на 9 октомври и се повлече од политиката во декември, откако беше покрената истрага против него и неговите девет соработници за корупција и проневера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…

Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…

Политичарите ги повикаа Бугарите да гласаат за…

Водечките политички личности гласаа во Бугарија, објави…

Иранската гарда соопшти дека го „погодила“ американскиот…

Иранската револуционерна гарда соопшти дека го нападнала…

Анкета на ИПИС: Мицкоски со најголема доверба…

Според најновото истражување на Институтот за политички…

Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза…

Израел и Хамас се согласија за првата…