„Куршум во глава“ – Министерот Фетаи добил мејл со закана по живот
Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, на службениот мејл, добил порака со закана по животот. Информацијата ја објави тој на својот Фејсбук профил посочувајќи дека пораката стигнала по неговата изјава за отстранување на дефиницијата „20 проценти“ за албанскиот јазик во Уставот.
„Денес, од европската престолнина Брисел, се чувствувам принуден да одговорам на заканата по мојот живот што ја добив во мојата официјална електронска пошта. Оваа закана дојде по мојата вчерашна изјава за отстранување на дефиницијата ’20 проценти’ за албанскиот јазик. Мејлот е насловен ‘куршум во глава за тебе шипо Фетаи’ и ја содржи оваа порака: ‘Нема да се сменат 20-те проценти, туку се шиптарско ќе ве убиеме со куршуми во глава. Да цркнете, мртов шиптар, добар шиптар, смрт за шиптари’“, напиша Фетаи на Фејсбук.
Тој додава дека лично го информирал министерот за внатрешни работи Панче Тошовски за заканите кои ги добил и оти побарал постапување и зголемување на неговите мерки за лична безбедност. Фетаи информира и дека подготвил тужба „бидејќи заканите и екстремистите треба да го добијат одговорот што го заслужуваат: затворска казна според важечките закони“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…
Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…
Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…
Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…
Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…
Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…
При редовна проверка на пакет во затворот…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…