Куцуловски од Левица е пуштен на слобода, ама ќе плати казна од 550 евра

t

Претседателот на подмладокот на Левица, Андреј Куцуловски, бил пуштен од полициска станица со изречена глоба од 550 евра за поттикнување на насилство и омраза поради внесување на палестинско знаме на натпреварот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Израел, информираше партијата на Димитар Апасиев.

Од Левица посочуваат дека била мобилизирана „толпа полициски службеници кои приведоа млад човек кој впрочем не пружи никаков отпор, ниту пак направи било каков инцидент“.

„Со лисици, како да се работи за опасен криминалец, беше спроведен во станица, без притоа да му се соопшти основот за лишување од слобода. Во исто време, истата таа полиција под капата на Тошковски, со фрапантна леснотија дозволува да исчезнуваат и да бегаат лица осомничени за тешки кривични дела, не постапува ниту со слична ревност при брутални насилства, а семејното насилство го релативизираати оставаат без соодветен институционален одговор. Државата казнува солидарност, а премолчува насилство“, велат од опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови откритија на „Старо Бонче“: Средновековни гробови…

На археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ се откриени…

Пандов на средба со делегација на Европскиот…

Директорот на Управата за извршување на санкциите,…

Македонски државјанин убиен во Германија

Дваесет и седумгодишен маж од Северна Македонија…

72-годишен Полјак се преценил кај Куратица —…

Пензионер од Полска одбрал авантуристички да го…

МОН: Неточни и лицемерни се тврдењата на…

Министерството за образование и наука (МОН) како…