Кучето на Бајден го отселија од Белата куќа откако касна агенти на Тајната служба
Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден кој повеќепати касна членови на Тајната служба, е преместено од Белата куќа на друга локација. Вкупно 10 напади биле регистрирани од октомври 2022 година до јануари 2023 година, а на една вработена неодамна и била потребна лекарска помош откако била нападната и касната од двегодишниот германски овчар, пренесува Sky News.
Елизабет Александар, портпаролката на првата дама Џил Бајден, потврди дека кучето моментално не е во комплексот на Белата куќа и додаде дека „се проценуваат следните чекори“.
Таа истакна дека Бајденови длабоко се грижат за безбедноста на нивниот персонал и на сите други кои ги штитат секој ден.
„Тие остануваат благодарни за трпението и поддршката на американската тајна служба и продолжуваат да работат на решенија“, рече Александар, додавајќи дека Белата куќа може да биде „стресна средина за домашните миленици“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија веќе шест месеци нема важен лек…
Повеќе од шест месеци – уште од…
Студентите поднесоа нова кривична против Вучиќ за…
Студентите кои ги блокираа правните и медицинските…
Скопјнец возел со 1.34 промили алкохол во…
Поради основано сомневање дека сторил кривично дело…
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер,…
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки…
Ја тепал сопругата за да му даде…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…