Куќен притвор за двајца осомничени за убиството на матичниот лекар Ацо Трповски
Двајца од тројцата приведени за убиството на матичниот лекар Ацо Трповски добија куќен притвор, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.
-Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара. Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена, стои во соопштението од Скопското обвинителство.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вчера информираше дека е уапсено уште едно лице за убиството на матичниот лекар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок генерал на либанската армија
Израелската војска тврди дека возилото влегло во…
Хорор во Црна Гора: Косовски државјанин ја…
Башким Гаши (46), косовски државјанин, е уапсен…
Телото најдено во буре е на српскиот…
Институтот за судска медицина „Милован Миловановиќ“ до…
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…
Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…