Објавено на:

КФОР бара од Курти да избегнува еднострани дејствија

t

Командантот на КФОР, турскиот генерал Озкан Улуташ на средбата со косовскиот премиер Албин Курти истакна дека „треба да се избегнат еднострани дејствија што би можеле да ја влошат ситуацијата и да се одржува соодветна координација меѓу сите заинтересирани страни“ соопшти синоќа КФОР.

Средбата меѓу Улаташ и Курти е одржана по неодамнешните акции на косовската полиција, кои доведоа до затворање на шест филијали на Поштенска Штедилница на северот на Косово.

„Тој, исто така, ја повтори непоколебливата посветеност на целиот персонал на КФОР да продолжи со спроведувањето на долгогодишниот мандат на мисијата на ОН за безбедна средина за сите луѓе кои живеат на Косово и слобода на движење. Ја повтори целосната поддршка на НАТО за дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ како единствен начин за решавање на отворените прашања за доброто на сите заедници“, се наведува во соопштението.

Командантот на КФОР, како што се наведува во соопштението, јасно ставил до знаење дека „улогата на КФОР е се уште суштинска за регионалната стабилност“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КФОР бара од Курти да избегнува еднострани…

Командантот на КФОР, турскиот генерал Озкан Улуташ…

Владата донесе одлука за испраќање на македонски…

Владата на Република Македонија на предлог на…

Вежба на КФОР во Бондстил

Припадниците на мисијата на КФОР денеска изведоа…

Командантот на НАТО за Европа: Треба да…

Врховниот командант на НАТО за Европа, генерал…

Германија испраќа дополнителен контингент војници во состав…

Во наредните недели на Косово ќе пристигне…