КФОР го засилува присуството во Косово!
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска соопшти дека разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на приштинските привремени институции, Албин Курти, додавајќи дека присуството на КФОР на административните премини меѓу Косово и Метохија и централна Србија ќе бидат зголемени. „Италија е фактор на мир на Балканот.
Зборував со претседателот Вучиќ и со премиерот Курти. Побарав од двајцата да поттикнат дијалог меѓу двете страни“, напиша Тајани на социјалната мрежа Икс (Твитер). Тој изјави дека со министерот за одбрана на Италија, Гвидо Крочето, е договорено да се работи на зајакнување на присуството на КФОР на „границата меѓу Србија и Косово и спречување на понатамошни конфликти“, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…
Косовските безбедносни сили добија 12 воени камиони…
Косовските безбедносни сили (КБС) добија 12 камиони…
Вучиќ: Никогаш не сакавме да воведеме санкции…
Српската напредна странка денеска ја слави својата…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…