КФОР постави метални огради во Звечан
Припадници на КФОР во Звечан денеска поставија метална ограда на самата капија на основното училиште „Вук Караџиќ“, кое се наоѓа во непосредна близина на општината, јавува дописникот на Танјуг.
На овој начин, покрај основното училиште, беа блокирани и средното училиште и градинката.
Училиштата во северниот дел на Косово се затворени од понеделник.
Самата зграда на општина Звечан е опколена со војници на КФОР, чии контингенти се менуваат неколку часа.
Условот на Србите кои се собираат и протестираат пред општинската зграда е специјалните единици да се повлечат од четирите општини на север и новоизбраните градоначалници, Албанци, да не доаѓаат да работат во општинските згради.
Општинските згради во три општини на север – Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток – ги користат и работниците на Привремената управа на општината според српскиот систем, па нивната работа беше блокирана и со влез на специјални единици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Притвор за Мацура и вработени во Алта…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…
Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…
СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…
Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…
ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…
Вишиот суд во Белград им одреди притвор…
Ги убил синот и внукот – пронајдени…
Безживотните тела на 27-годишник и неговото тримесечно…