КФОР: Ситуацијата во северно Косово е мирна

t

Командантот на мировната мисија на НАТО во Косово (КФОР) генерал-мајор Озкан Улуташ изјави дека безбедносната ситуација на северот на земјата сега е помирна, но и понатаму е кревка, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното интервју за порталот на српски јазик „Косово онлајн“ (kosovo-online.com), Улуташ нагласи дека мисијата на Северноатлантската алијанса во Косово секогаш ја докажала својата способност да се справи со секој предизвик и да продолжи да го спроведува својот мандат доверен од Обединетите нации, целосно и непристрасно.

Турскиот генерал изјави дека „по зголемувањето на тензиите во последните месеци“, НАТО распоредила во Косово 1.000 дополнителни војници и тешко вооружување.

– Четирикратно го зголемивме присуството на КФОР во северно Косово и тројно го зголемивме бројот на патроли, вклучително и по административната линија… Ова се претпазливи чекори за да се осигура дека мисијата на КФОР ќе продолжи да го исполнува мандатот на ОН – врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН од 1999 година: да се обезбеди безбедна средина за сите заедници кои живеат во Косово и слобода на движење – во секое време и непристрасно, рече Улуташ.

Тој нагласи дека КФОР продолжува да дејствува како трета формација која реагира во Косово, по косовската полиција и Мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС.

– НАТО е силно посветен на безбедноста на Косово и КФОР ќе остане онолку долго колку што е потребно, во согласност со нашиот мандат од ОН, изјави командантот на КФОР.

Тој го повтори ставот на меѓународниот фактор дека дијалогот меѓу Косово и Србија е единствениот пат за мир и стабилност.

– КФОР продолжува да создава безбедносна рамка, која е неопходна за да напредува дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ, што е единствениот пат до траен мир и стабилност во корист на сите заедници и регионалната стабилност, нагласи Улуташ во интервјуто за „Косово онлајн“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ, утре се празнуваат…

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим…

Апасиев очекува над 80 илјади гласови и…

Резултатот од првиот круг реално беше очекуван,…

Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна…

САД засега нема системи за противвоздушна одбрана…

Мојсковска: Левица со антикорупциска платформа ќе се…

Денес, носителот на листа на ИЕ5 од…

Таџикистан им нареди на своите граѓани привремено…

Министерството за надворешни работи на Таџикистан упати…