КФОР ќе ги разбива српските барикади на Косово: Во моментов трупите на КФОР имаат пет контролни пункта на северот на Косово
Српските медиуми пренесуваат дека командантот на КФОР Ференц Кајари изјавил дека КФОР ќе биде обврзан да реагира доко Србите на Север на Косово почнат да поставуваат барикади.
Според српските медиуми КФОР ќе биде принуден да ги разбие тие барикади. Тој додаде и дека тоа ќе придонесе за ограничување за слобода на движење.
Пред 1-ви септември и се почестите најави дека може да избие вооружен конфликт на северот на Косово, НАТО објави дека КФОР го зголеми своето воено присуство и најави распоредување на нови војници – доколку тоа се покаже како неопходно. Со цел да се процени состојбата на терен, екипата на порталот KoSSev денеска од Северна Митровица се упати кон Јариње.
Ако се приклучите на главниот пат Митровица-Лепосавиќ преку мостот кај Дудин Крс, ќе забележите дека патот е затворен во правец на Јужна Митровица и дека таму е стационирано полициско возило.
Ако се упатите кон Јариње, недалеку од крстот во Рударе, ќе наидете на десетина припадници на полскиот контингент на КФОР и две комбиња кои го следеа сообраќајот во моментот кога поминувавме.
Иако КФОР соопшти дека го зголеми своето присуство, следната патрола што ја забележавме беше лоцирана на самиот влез во градот Лепосавиќ, односно десетина километри.
На пат кон Јариње наидовме на неколку возила на КФОР кои одеа во спротивна насока, како и едно оклопно возило на специјалните единици на косовската полиција.
Ја најдовме следната патрола, десетина припадници на американскиот контингент на КФОР и две возила „Хамер“, на приближно 500 метри од преминот Јариње.
Во близина на Јариње, односно во близина на базата на косовската полиција, изградена пред минатогодишните барикади на овој премин, забележавме работи на проширување на патот.
Она што го откривме при денешната обиколка на главниот пат Приштина-Рашка е дека медиумските извештаи за многубројното и постојано патролирање на единиците на КФОР на главниот пат Јариње-Митровица се неточни.
Како што претходно КФОР потврди за КоСсев, во целата област се воспоставени пет постојани контролни пунктови и зголемени се мобилните патроли.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…