Објавено на:

Кјелини: Првенството нема да биде регуларно доколку Јувентус биде казнет!

t

Поранешниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини под знак прашалник ја стави регуларноста на оваа сезона во Серија А поради казната која ја доби Јувентус.

Јувентус на три кола до крајот на сезоната е на втората позиција на табелата, има +8 во однос на Милан и се чини дека „старата дама“ веќе има обезбедено место во Лигата на шампионите но работите можат да се променат доколку им бидат одземени бодови.

Поради „пумпање“ на цените на фудбалерите со цел да се забележат капитални добивки и да се искаже позитива во билансите, Јувентус беше казнет со одземање на 15 бодови.

Сепак, клубот се жалеше, па бодовите им беа вратени, но и самата процедура беше вратена на почеток, и на 22. мај ќе има ново рочиште, се очекува Јувентус повторно да биде казнет, но сега да му бидат одземени 9 бода.

Доколку ова се случи, „старата дама“ ризикува да испадне од топ четири на табелата и да остане без ЛШ.

„Не очекував дека Јувентус може да добие казна, исто како што не очекува дека казната може да биде тргната, а сигурно не очекував на крајот од сезоната да постои можност за ново одземање на бодови“, вели поранешниот дефанзивец на Јувентус, Џорџо Кјелини.

„Би рекол дека оваа сезона не може да биде регуларна за Јувентус и останатите тимови, регуларно е само Скудетото на Наполи и послендото место на Сампдорија“.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…