Лавров: Ако Западот сака да го реши украинскиот конфликт на бојното поле, Русија е подготвена
Доколку западните земји сакаат да го решат украинскиот конфликт на бојното поле, Москва е подготвена на тоа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Тоа е нивно право, ако сакаат да бидат на бојното поле, ќе бидат на бојното поле“, рече Лавров.
Зборувајќи за конференцијата за Украина, која летово ќе се одржи во Швајцарија и на која Русија не беше поканета, Лавров посочи дека се се сведува на формулирање ултиматум до Русија. Според него, конференцијата е фокусирана на „формулата на Владимир Зеленски“ и во исто време ги игнорира другите иницијативи, вклучително и кинеската, која, како што рече Лавров, е „најсеопфатна“.
„Швајцарија, без разлика што е на дневен ред, повеќе не е погодна како место за одржување мировни преговори. Претходно, Швајцарија беше навистина неутрална земја. Сега таа јасно застана на страната на Украина“, рече министерот.
Тој, исто така, додаде дека Москва постојано повторува дека е подготвена за преговори за решавање на конфликтот, но да ја земе предвид фактичката состојба на ситуацијата.
Лавров пристигна во Советот на Федерацијата, каде ќе се одржат консултации за кандидатите за министри во безбедносниот сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Страшна несреќа во Босна: Две девојки загинаа,…
Две девојки од Сараево на возраст од…
Се бара притвор за Мексиканецот што нападна…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ВЛЕН: ЗА АЛИ АХМЕТИ ПРАВДАТА Е КОЦКА
Партијата што го посеа коцкањето во секое…
Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…
„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…
Денеска можно ново поскапување на дизелот, РКЕ…
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да…