Лавров: Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина на палката“
Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина на палката“, истакна на денешната прес-конференција во Скопје министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров кој ги нарече американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел „кукавици“.
„Јас не повикувам да се распадне ЕУ, овие повици се непотребни. Едноставно кажувам како се однесуваат земјите кои се декларираа како модел, круна на демократијата. Нема демократија во ЕУ. На диригентската палка има дисциплина, конструкција, според мене, уште полоша отколку во НАТО“, изјави дипломатот на прес-конференција по учеството на денешниот состанок на 30. состанок на Советот на министри на ОБСЕ.
„На овој настан не беа присутни ниту украинскиот министер, ниту министрите на Полска и балтичките земји. Блинкен, разбирам, замина, а исто така и Борел. Веројатно мислат дека на тој начин ја истакнуваат намерата да ја изолираат Русија. А верувам дека се само кукавици кои се плашат од каков било искрен разговор со факти“.
Лавров во својот говор зборуваше и за Балканот. „Распадот на Југославија беше во интерес на Западот, никому на Балканот не му треба таква обединувачка сила, Западот отсекогаш сакал да постави еден народ против друг на Балканот и продолжува да го прави тоа со успех дури и сега“, тој. кажа. „Убеден сум дека народите на балканските земји низ нивната долга, тешка, но славна историја развија некаков генетски код во себе и на крајот нема да дозволат да бидат навредувани, нема да дозволат нашите западни колеги постојано да си играат земја против друга, една нација против друга“, додаде тој.
Лавров ја коментираше и војната во Украина, посочувајќи дека Москва не гледа сигнали од Киев и Западот за подготвеност за политичко решение. За да се започне политички процес за Украина потребни се две страни „како во танго“, но од другата страна се „брејк денс“, рече Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија спаси две руски банки од санкциите…
Бугарија побара од Европската Унија да ги…
Русија тврди дека погодила товарен брод со…
Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…