Лавров: Западот се преправа дека е заинтересиран за преговори за Украина
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Западот се преправа дека е заинтересиран за преговори за решавање на украинското прашање и преминал на отворање ултиматуми кон Русија.
„Претставивме проценки за моменталната ситуација околу Украина, вклучувајќи ги и постапките на Западот, што симулира подготвеност за преговори.
Сега, како што објавија Европејците, (Западот) премина на отворање ултиматуми кон Руската Федерација“, рече Лавров на заедничката прес-конференција по состанокот со министерката за надворешни работи и соработка на Мозамбик, Марија Мануела дос Сантос Лукас, пренесува Интерфакс.
Тој додаде дека Западот „лицемерно продолжува да повикува на договорено решение“.
„Повеќе нема да му веруваме на Западот кога вели дека сака договорени решенија, пренесува Танјуг.
“Таа залиха на добра волја и надеж е целосно исцрпена“, нагласи рускиот министер за надворешни работи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран по американските напади: „Строга казна ги…
Иранската ИРГК се заканува со „строга казна“…
Руте: Стоиме солидарни со Германија по руските…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте преку…
Војната ескалира: САД започнаа нови напади врз…
Војската на Соединетите Американски Држави соопшти дека…
Германија ја обвини Русија за нападот со…
Германија официјално ја обвини Русија за организирање…
Татко го нападнал малолетниот син, мајката вели…
Триесет и петгодишен маж од скопско е…