Лавров за ситуацијата во Косово: Ќе прифатиме само решение што им одговара на Србите
Лавров: Ситуацијата во Косово треба да се реши имајќи ги предвид интересите на Белград
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин во Москва разговараа за соработката меѓу страните во зајакнувањето на безбедноста на Балканот.
„Со оглед на неодамнешното сериозно влошување на ситуацијата на Косово и тензијата што остана таму, беше укажано дека има потреба од решение во покраината врз основа на строго почитување на меѓународното право врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, со целосно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет, легитимните права и интересите на Србија“, соопшти руското Министерство за надворешни работи по средбата.
„Ние се залагаме Белград и Приштина да постигнат одржливо и взаемно прифатливо решение врз основа на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации. Се разбира, тој првенствено мора да одговара на меѓународното право и мора да биде одобрен од Советот за безбедност на ОН. Ќе прифатиме само такво решение што ќе им одговара на Србите. На нашите српски пријатели ќе им пружиме сеопфатна поддршка за постигнување на овој резултат“, нагласи министерот Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…