Лавров и руската делегација добија американски визи за учество на Советот за безбедност на ОН!
На 417. ден од руската специјална воена операција во Украина, најжестоки борби се водат во Бахмут и Лиман во областа Доњецк.
Постојаниот претставник на Руската Федерација во Обединетите нации, ВасилијНебензија соопшти дека министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров и руската делегација добиле американски визи за учество на состаноците на Советот за безбедност на ОН.
Истовремено, министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) ветија дека ќе ги зголемат санкциите против Русија поради војната во Украина. Тие ја потврдија својата посветеност на „крајната цел“ – свет без нуклеарно оружје.
„Неодговорната нуклеарна реторика на Русија и нејзината закана за распоредување нуклеарно оружје во Белорусија се неприфатливи“, се вели во заедничката изјава по состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во јапонското летувалиште Каруизава.
Состанокот, на кој присуствуваат министрите од САД, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција, Канада, Италија и претставници на Европската унија, е вовед на лидерскиот самит во Хирошима следниот месец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Руски полковник загина во експлозија на…
Руски полковник, главен навигатор на 6-та армија…
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…