Лавров кажа која држава им е следна цел: Молдавија може да стане следната Украина

t

Додека Русија води освојувачка војна во Украина, Кремљ им се заканува и на другите соседни земји. Имено, на прашањето на еден од водечките новинари за војна, Дмитриј Кисељов – која земја од поранешниот СССР „би можела да стане нов антируски центар“, првиот дипломат на Путин, Сергеј Лавров, накратко изјави – Молдавија, пренесува хрватски Јутарњи.

Според Лавров, „Молдавија може да стане следната Украина“. Тој го обвини Западот кој, според него, „ја поттикнува Молдавија против Русија и има намера таа да игра улога во проектот против Русија“. Лавров изјави дека тенденцијата на актуелните молдавски власти „да ја внесат земјата во ЕУ и НАТО сведочи за нивната антируска политика“.

Молдавија веднаш по руската агресија врз Украина побара прием во ЕУ, а во јуни 2022 година заедно со Украина доби кандидатски статус, но ниту побара, ниту најави прием во НАТО, особено што за тоа ќе бидат потребни промени во устав според кој Молдавија е воено неутрална земја. Лавров директно ја нападна молдавската претседателка Маја Санда, за која вели дека „ја турка Молдавија во НАТО“, дека е „романска државјанка“ и дека „подготвува обединување со Романија“.

Во Кишињев таквите зборови на министерот за надворешни работи на Путин ги сфатија како отворена закана и веруваат дека тие можат да станат нова цел во воените планови на Путин за проширување на Русија.

Портпаролот на молдавското Министерство за надворешни работи, Даниел Вода, вели дека ова се „сериозни заканувачки пораки од руската дипломатија“ и дека молдавското население и политика имаат право на сопствени стратешки одлуки и приоритети, а членството во ЕУ е едно од нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…