Лавров одговора на прашања на Инфомакс! Македонија и Македонците не ни се непријатели туку вашата Влада – Борис Џонсон ги уништи преговорите со Украина!
Нема непртијателски држави и народи, туку непријателски Влади кои носат политики на штета на сопствената држава вака Лавров одговори на прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар МИтовски како се чувствува тука во Македонија имајќи во предвид дека Русија ја стави нашата држава на листата на непријателски држави.
-Ако зборуваме за држави кои не ни се пријатели, секоја држава е поврзана со својата Влада. Нема непријателски држави нема непријателски народи, имаме Влади кои што донесуваат одлуки кои што не се во интерес на државата и тогаш некои одлуки ги сметаме како помалку пријателски. На почетокот кажав дека многу ми е убаво овде во Македонија. Тука сум бил одамна во Охрид фантастичен град. И амбасадорот ми кажа дека требало да се затворат некои цркви затоа што немале посители. Јас толку убаво се чувствувам во Охрид се чувствувам дека сум поблиску до бога, истакна Лавров.
По однос на прашањето зошто во Турција не беше постигнат мировен договор со Украина, Лавров накратко одговори дека Борис Џонсон му забранил на Владимир Зеленски да потпише мировен договор и да запре војната.
-После разговорите во Истанбул од руска страна во март 2022 нашиот претставник се согласи на принципите од истанбулскиот договор, но тогаш Борис Џонсон дојде и кажа не неможе да се потпише таков договор, Украина има должност да ја продолжи војната, вели Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…