Објавено на:

Лавров од Уганда: Африканските земји треба да добијат поголема улога во Советот за безбедност на ОН

t

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, од Уганда порача дека Москва ја поддржува реформата на Советот за безбедност на ОН, за земјите во развој, особено африканските, да добијат поголемо влијание.

По средбата со претседателот на Уганда, Јовери Мусевени, во главниот град Кампала, првиот руски дипломат истакна дека двете страни „ги потврдиле своите позиции кога станува збор за реформата на Советот за безбедност на ОН“.

Главниот проблем е недоволната застапеност на земјите во развој во Советот за безбедност, а единствено решение е поголема застапеност на азиските, африканските и латиноамериканските земји во оваа институција – порача Лавров по средбата со Мусевени, сојузник на САД кој одржува пријателски врски со Русија.

Мусевени изјави дека Русија е пријател на Уганда повеќе од 100 години и дека не може одеднаш да стане непријател поради ривалството меѓу Москва и Вашингтон.

Уганда е третата станица на африканската турнеја на Лавров, кој, пред Уганда, ги посети Египет и ДР Конго, а турнејата ја завршува со посета на Етиопија, седиштето на Африканската Унија.

Уганда е една од 25-те африкански земји кои се воздржаа или не гласаа за резолуцијата на Генералното собрание на ОН за осуда на руската воена акција во Украина. Многу африкански земји имаат долги врски со Москва, кои датираат од Студената војна кога Советскиот Сојуз ја поддржа нивната борба за независност.

Во последните месеци, африканските лидери бараат континентот да добие постојано место во Советот за безбедност на ОН. Тоа тело има пет постојани членки (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција), како и десет непостојани, а прашањето за неговата реформа е предмет на дебата со децении.

Африканската Унија бара да се прошири Советот за безбедност на 26 членки, од кои 11 ќе бидат постојани, вклучително и две африкански земји кои ќе имаат право на вето. Африканската унија предлага од 26 членки, Африка да има пет непостојани места.

е

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…