Објавено на:

Лавров открива детали за новата фаза на руската операција: Во ова оваа фаза не планираме да употребиме нуклеарно оружје

t

„Русија размислува само за употреба на конвенционално оружје во оваа фаза од специјалната операција во Украина“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за India Today, одговарајќи на прашањето дали се планира употреба на нуклеарно оружје во Украина.

Според него, специјалната операција во Украина е насочена кон ослободување на Доњецката и Луганската народна република, а сега започнува нејзината следна фаза.

„Операцијата во источна Украина е насочена кон, како што е веќе најавено – целосно ослободување на републиките Доњецк и Луганск. Таа операција продолжува, а следната фаза почнува сега. И ми се чини дека сега ќе биде важен момент од таа специјална операција“, рече Лавров.

Рускиот министер повтори дека Москва нема намера да го менува режимот во Украина, бидејќи народот треба да има слобода на избор.

Многупати кажавме дека сакаме Украинците сами да одлучат како ќе продолжат да живеат“, нагласи Лавров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…

Откако му ги откривме сите скандали на…

Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Шефот на израелските одбранбени сили: Правиме историја,…

Началникот на Генералштабот на Израелските одбранбени сили…

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…

Кога наместо да деде одговор на конкретно…