Лавров повтори: Америка води војна против Русија
Америка води војна против Русија во Украина – испорачува оружје, муниција, обезбедува разузнавачки информации, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, коментирајќи ги изјавите кои доаѓаат од Запад дека имаат намера да испорачаат проектили со долг дострел на Киев.
„Не можам да ги коментирам нивните изјави, тие се менуваат од ден на ден. Можеби подготвуваат јавно мислење, но факт е дека нема да ја променат суштината на она што се случува во Украина“, изјави шефот на рускиот дипломатски оддел.
Според него, можните испораки на ракети со долг дострел за Киев нема да ја сменат суштината на она што се случува во Украина.
Тие со години ја подготвуваат Украина да и нанесат стратешки пораз на Русија со рацете и телата“. „Што и да кажат тие (САД), тие ја водат оваа војна, го снабдуваат (Киев) со оружје, муниција, разузнавачки податоци, податоци од сателити – тие водат војна против нас“, рече министерот во интервју за „Русија 24“.
Претходно медиумите објавија дека американската администрација е блиску до донесување одлука да одобри испорака на ракети со долг дострел со касетна муниција за Киев.
Како што забележуваат соговорниците на агенцијата, САД размислуваат за испорака на ракети ATACMS со дострел до 300 километри или проектили со касетна муниција или и двете. Според неименувани официјални лица, се уште не е донесена конечна одлука за испорака.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ФБИ нуди награда за информации поврзани со…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) понуди…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Познато е кој ја уби демократската претставничка…
Осомничениот за атентатот и обидот за атентат…
Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…
УЖАС во САД: Убиени пратеничка на демократите…
Минесота е во шок откако државната претставничка…