Лавров пред ОН: Русија нема да направи „пауза“ во војната во Украина
Русија нема да прави „пауза“ во војната против Украина – изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред Советот за безбедност на ОН.
– Нема да правиме пауза во нашата специјална воена операција – рече Лавров, обвинувајќи ги европските земји дека сакаат да го искористат евентуалниот прекин на борбените дејства за „да го напумпаат киевскиот режим со оружје“.
Изјавата на Лавров доаѓа во момент кога се зачестени дипломатските иницијативи во Њујорк. Претходно денеска, украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека е подготвен за мораториум врз нападите врз енергетските објекти, под услов и Москва да се согласи на ист таков чекор, додека американскиот претседател Доналд Трамп во своето вчерашно обраќање пред Генералното собрание на ОН изрази оптимизам дека мирот меѓу Русија и Украина „ќе дојде порано отколку што мислиме“.
На маргините на заседанието во ОН, Лавров оствари и билатерална средба со американскиот државен секретар Марко Рубио. Како што соопшти руското Министерство за надворешни работи, двајцата шефови на дипломатиите разговарале за низа прашања од меѓународната и билатералната агенда, со посебен фокус врз состојбите во Украина и на Блискиот Исток.
Од руското Министерство истакнаа дека Лавров ја нагласил потребата од што поскорешно обновување на билатералните односи меѓу Москва и Вашингтон, при што двете страни се согласиле да го продолжат дијалогот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров пред ОН: Русија нема да направи…
Русија нема да прави „пауза“ во војната…
Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…
САД го одбиле иранското барање за укинување…
Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…
Дата центрите не се мистериозни постројки што…
Вработени кои се на боледување се сликаат…
Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…
МВР: За осум месеци 34 помалку загинати…
Податоците од евиденциите на Министерството за внатрешни…