Лавров пречекан со незгодно прашање во Турција
„Што од работите украдени од Украина, освен житото, успеа да продаде Русија?- го праша новинар министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, на прес конференцијата со турскиот домаќин Мевлут Чавушоглу. Наместо одговор, Лавров уште еднаш тврдеше дека Русија ја нападнала Украина за да ја ослободи земјата од неонацистите.
Рускиот министер за надворешни работи дојде на разговори со турските власти за создавање поморска патека за извоз на жито од Украина, но Киев ја услови таквата понуда бидејќи не сака да и се овозможи на Русија да го користи житниот коридор за напади, како што правеше со хуманитарните.
Лавров рече дека Москва гарантира ако Украина започне со деминирање и дозволи повлекување на бродовите од нејзините пристаништа, нема да ја искористат таа ситуација. Со мала нервоза тој упати зборови кон претседателот Володомир Зеленски тоа дека треба да даде наредба да се дозволи ослободување на украинското жито од пристаништето Одеса со склучување на договор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган го ратификува договорот за заедничка одбрана…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган официјално го…
Турција го суспендира безвизниот режим за граѓаните…
Со указ на турскиот претседател Реџеп Таип…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Бугарија испраќа 15 бугарски војници во Турција…
Владата на Румен Радев одобри испраќање до…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…