Објавено на:

Лавров пристигна во Северна Кореја: Го пречекаа со цвеќиња

t

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во дводневна посета на Северна Кореја, пренесува Спутник.
Авионот со руската делегација слета на аеродромот во Пјонгјанг. И покрај дождот, Лавров беше пречекан од околу 200 граѓани на Северна Кореја, облечени во национални носии и со цвеќиња.

Руската делегација на аеродромот ја пречекаа стотина севернокорејски службеници.
За време на посетата, предвидено е Лавров да се сретне со севернокорејскиот министер за надворешни работи Чои Сон Хје.
Посетата на шефот на руската дипломатија на Пјонгјанг доаѓа неколку дена по патувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на Далечниот исток и средбата со рускиот претседател Владимир Путин на космодромот Восточни.
Лавров последен пат ја посети Северна Кореја на крајот на мај 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Италија не ги признава возачките дозволи со…

Богоев со генералниот директор на корејската царина:…

„Системот за управување со ризици и податочен…

Уште во техничката влада ДПМНЕ почна да…

ДПМНЕ се заложува за спроведување на „Преспанскиот…

Лавров: Забраната за влез на автомобили со…

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј…

Лавров држи лекции во Советот за безбедност

Сергеј Лавров во Советот за безбедност при…