Лавров: Присуството на странски војски во Украина е неприфатливо за Русија
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва нема да прифати присуство на странски воени сили на украинска територија.
„Како што покажаа разговорите на Западот со Киев, сите овие планови се врзани со обезбедување гаранции преку странска воена интервенција во дел од украинската територија. Искрено се надевам дека тие што смислуваат вакви идеи ќе сфатат дека тоа е апсолутно неприфатливо за Русија и за сите разумни политички сили во Европа“, рече Лавров на прес-конференција по средбата со индискиот министер за надворешни работи, Субрахманјам Џајшанкар, пренесе ТАСС.
Тој додаде дека Москва очекува, доколку биде постигнат договор за Украина, во него да биде решено и прашањето за легитимитетот на украинските потписници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…