Лавров: Продажбата на НИС на унгарската МОЛ е во интерес на Русија

t

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека прелиминарниот договор за продажба на пакет акции од српската компанија НИС, кој е во сопственост на „Гаспромњефт“, на унгарската компанија МОЛ е заемно корисен и е во интерес на Русија.

„Ние сме отворени за соработка со сите“, истакна Лавров, додавајќи дека Русија е подготвена да соработува и со Соединетите Американски Држави во врска со ова прашање.

„Гаспромњефт“ во понеделникот потврди дека со унгарската компанија МОЛ потпишал договор за намери за продажба на пакет акции во Нафтената индустрија на Србија. Претходно, МОЛ соопшти дека има потпишано обврзувачки прелиминарен договор со „Гаспромњефт“ за купување на 56,15 отсто од уделот во НИС.

За финализирање на трансакцијата ќе биде потребно одобрение од Министерството за финансии на САД, како и од српските надлежни институции. Според најавите, страните планираат договорот за купопродажба да го потпишат најдоцна до 31 март.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…

Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…

Унгарската МОЛ ја купува „Нафтената индустрија на…

Потпишан е договорот за продажба на рускиот…

Трамп ја зазема страната на Русија против…

Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Трамп ги замрзна санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…