Лавров: Русија е подготвена за договор со Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп со право верува дека преговорите за украинската криза се движат во вистинската насока, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за Си-Би-Ес.
„Москва е подготвена за договор, но постојат одредени елементи што треба да се финализираат. Токму на тоа работиме сега“, рече тој. Според него, постојат неколку знаци дека има напредок во процесот на решавање на украинската криза. Во извадоци од интервјуто, кое ќе биде објавено во целост во недела, Лавров изјави дека Трамп е веројатно единствениот лидер во светот кој разбира дека е потребно да се елиминираат коренските причини за украинската криза. Министерот додаде дека американскиот лидер, меѓу другото, разбира дека влезот на Украина во НАТО е неприфатлив за Русија. Рускиот дипломат, исто така, ги отфрли обвинувањата дека руските сили наводно таргетираат цивилни цели во Украина.
„Ги гаѓаме само воените објекти. Или цивилните објекти што ги користи војската… Доколку целите ги користела украинската војска, министерот за одбрана и командата на терен имаат право да ги нападнат“, објасни Лавров. Тој иронично одговори на прашањето на еден американски ТВ водител за претстојната посета на Москва од страна на специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф. „Не му верувате ли на претседателот на Соединетите Американски Држави?“ праша Лавров.
Трамп претходно изрази надеж дека договор за регулирање на ситуацијата во Украина ќе биде постигнат оваа недела. Американскиот лидер во средата изјави дека си поставил свои рокови за учество во преговорите за мирно решавање на украинскиот конфликт, но не ги откри.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…
(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…
Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…
Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…
Украина во следните три до шест месеци…