Објавено на:

Лавров: САД сакаат да го дестабилизираат светот

t

Соединетите Американски Држави се заинтересирани да ја дестабилизираат ситуацијата во секој агол на светот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.


„Ако ги погледнете сите странски авантури на Соединетите Држави во последните веројатно 50 години, почнувајќи од Виетнам, немаше ниту една приказна во која тие и донесоа некаква корист за земјата, за регионот во чии работи интервенираа. Ова само ја потврдува констатацијата дека во нивен интерес е да се дестабилизираат сите и се“, додаде министерот.


„Тогаш чекаат некој да дојде и да им ги собере доларите кои ги печатат во огромни количини, дека ќе сметаат на тоа дека САД повторно ќе „помогнат“ некому, објасни министерот.
Лавров истакна дека потоа оние кои сметаат на таква помош треба да се сетат на тажното искуство на сите лидери на земјите во кои САД се обидоа да играат улога, лидери кои се потпираа на САД.
„Штом ситуацијата се промени, Вашингтон ќе ги остави овие лидери на нивната судбина без каење, без двоумење и ќе започне нова фаза на својата себична политика“, нагласи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…

Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…