Лавров: Се буди руската мечка, рускиот народ се обедини
Рускиот народ се обедини како одговор на обидите на Западот да уништи се што е руско во Украина, како и секогаш кога „се буди руската мечка“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Како и секогаш кога се буди руската мечка, нашиот народ се обедини како никогаш досега. Ова не се празни зборови. Тоа имавме можност да го видиме за време на изборите за претседател на Русија и тоа секојдневно го гледаме преку работата на нашите компании и општествени организации“, изјави Лавров на новинарот Павло Зарубин.
Тој посочи дека 20 години Западот правел се за да ги сврти рускиот и украинскиот народ еден против друг.
Имаа за цел да уништат се што е руско во Украина, да изградат воени бази таму, а имаа претензии и кон Крим, рече Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…