Објавено на:

,,Лага е дека Путин живее во бункер”

t

Кремљ ги отфрли тезите дека Путин користи двојници. Тие велат дека тоа се лаги. Портпаролот на Кремљ, Песков, исто така ги демантираше гласините дека Путин поголемиот дел од времето го поминува во бункер.

„Веројатно сте слушнале дека тој има многу двојници кои работат за него додека тој седи во бункер“, рече Песков на конференција во Москва. „Уште една лага“, додаде тој смеејќи се.

„Можете сами да видите каков е нашиот претседател: Тој отсекогаш бил и сега е мегаактивен, а оние што работат со него тешко можат да го следат“, додаде Песков.

„Се разбира, тој не седи во ниту еден бункер. И тоа е лага“, рече тој. Кремљ, исто така, постојано ги отфрла шпекулациите дека Путин е болен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…

САД се подготвуваат да објават нови царини…

Во Собранието продолжува надзорната расправа за Алта…

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

ЕУ планира да вложи до 50 милијарди…

Европската Унија планира да вложи до 50…

Советник на Белата куќа го обвини Нетанјаху…

Високиот советник во Белата куќа, Џош Гринбаум,…

ЦИА била цел на хакерски напад

ЦИА и Канцеларијата на директорот на националното…