Ладен бран во мај: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!
Територијата на нашата Македонија утре (четврток 15 мај) од попладневните и вечерните часови, како и во петок (16 мај) ќе биде под влијание на голем влажен бран од Медитеранот кој насекаде ќе услови да имаме обилни врнежи од дожд (локално над 30 литри на метар квадратен дожд). Во исто време од север и од североисток кон Македонија ќе се спушта многу поладен воздух кој значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие, особено во петок (16 мај) ќе бидат далеку под просекот за средината на месец мај.
Поради падот на температурите на воздухот, на планините над 1400/1500метри надморска височина ќе има врнежи од снег, со што ќе се формира снежна покривка (локално повисока од 10 cм снег). Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен правец, особено во петок (16 мај) и истиот ќе биде најизразен Долж Повардарието.
За време на овој голем влажен и ладен бран, и во Скопје и околината ќе има пообилни врнежи од дожд, повремено со засилен ветер (утре од југоисточен, а во петок од северен правец).
Што се однесува до температурите, тие најниски преку ден ќе бидат во петок (16 мај) и тие на повеќе места ќе изнесуваат до околу, па дури и под 10 степени, а само во Повардарието тие ќе се искачат до околу 15 степени. На планинските места температурите ќе се спуштаат близу нулата, а на поголемите надморски височини тие ќе се спуштаат дури и под нулата.
Во Скопје и околината во петок (16 мај) максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 15 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…
Времето утре сончево со мала облачност, во…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за утре…